fbpx

Мамо, не дозволувај да умрам: Почина детенце поради лекарска грешка

Исклучително необичен случај кој ја вознемири јавноста

Четиригодишно момче почина од сепса откако лекарите го испратиле дома, неколку минути пред да пристигнат резултатите од тестовите кои потврдиле дека потенцијално има смртоносна инфекција.

Здравствената состојба на Шелдон Фарнел навидум била подобрена, па тој бил отпуштен од болница, иако не било јасно поради што толку се разболело. Неговата мајка ги молела лекарите да му дадат антибиотик.

По враќањето дома, на Шелдон му се слошило и почнал да се гуши од силните болки. Во меѓувреме, болничкиот персонал се обидувал да стапи во контакт со родителите за да ги извести за резултатите и дека на детето му е потребен итен третман, но поради грешка во администрацијата бил земен контакт од погрешни луѓе.

Шелдон бил вратен во болницата дури следниот ден, но за жал веќе никој не можел да му помогне. Обдукцијата покажала дека умрел од сепса како последица од инфекција на увото.

„Последните денови од својот прекраток живот, мојт син ме молеше да не го оставам да умре. Ниедно дете на негова возраст не би требало да знае за смртта. Син ми знаеше дека се соочува со неа. Молевме за помош. Моето срце е скршено. Се отвори огромна дупка која нема никогаш да се исполни“, раскажа мајката Катрина Фарнел (25).

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Мамо морам ли и јас? Ова дете сериозно ги замисли родителите

Мамо, морам ли и јас да се венчам? Кога ова прашање шестгодишниот син ѝ го поставил на блогерката Џоана Вендити, младата мајка наеднаш почнала сериозно да размислува за многу животни теми. Во својот блог напиша дека нејзиното дете прво ѝ предизвикало страв, па ја потикнало да почне да си го […]