fbpx

Светот во шок: Ненадејно почина еден од најдобрите, остави три деца позади себе

Трагична вест го вознемири музичкиот свет

Ненадејно почина Тејлор Хокинс (50), тапанарот на „Фу Фајтерс“, еден од најголемите рок-бендови на денешницата.

Неговото тело е пронајдено во соба во хотелот „Каса Медина“ во Богота каде групата била сместена.

Засега нема информации за причината на смртта, иако некои светски медиуми објавија дека не е исклучена можноста да се работи за предозирање.

„Фу Фајтерс“ кои се на турнеја во Јужна Америка ги откажаа настапите што следуваат.

Тејлор Хокинс се проби како музичар на Аланис Морисет пред да му се придружи на бендот во 1997 година. Важеше за еден од најдобрите тапанари на глобалната рок-сцена.

„Фу Фајтерс“ е основан од Деј Грол кој се прослави како тапанар на култните „Нирвана“, но во својот бенд пее и свири на гитара.

Грол и Хокинс имаа обичај на концертите повремено да си ги заменат улогите, па Хокинс пееше, а Грол биеше на тапаните.

Бројни славни личности се простуваат од Хокинс кој позади себе остави сопруга и три деца.

Фото: Принтскрин Јутјуб/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Има деца со познат пејач: Која е Тања, свирепо убиената жена во Германија?

Во родното село во близината на Лозница денеска беше погребана Тања П., жената која во понеделникот почина во Франкфурт од тешките повреди со нож кои, како што јавија германските медиуми, ѝ ги нанесе поранешниот сопруг. Тања позади себе остави две деца кои ги добила од бракот со еден познат пејач […]