Во родното село во близината на Лозница денеска беше погребана Тања П., жената која во понеделникот почина во Франкфурт од тешките повреди со нож кои, како што јавија германските медиуми, ѝ ги нанесе поранешниот сопруг.
Тања позади себе остави две деца кои ги добила од бракот со еден познат пејач од Шабац.
„Вистина е дека беше во брак со познатиот шабачки интерпретатор М.Т. со кој има две пораснати деца. Синот е со таткото во Шабац, а ќерката во Нови Сад на факултет“, изјави сосед на настраданото семејство.
Тој нагласува дека Тања била прекрасна личност која сите ја сакале.
„Имаше големо срце, често им помагаше на луѓето. Беше голем верник и редовно доаѓаше на литургија кога престојуваше во Србија. Многу беше приврзана за семејството кое ѝ остана овде. Во селото останаа да живеат мајка ѝ и брат ѝ“, вели соседот за „Новости“.
Фото: Фејсбук
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.