fbpx

Имаат ќерка, не живеат заедно: Која е младата сопруга на Ѓорѓе Давид од „Гранд“?

Јавноста малку знае за приватниот живот на познатиот музичар

Рокерот Ѓорѓе Давид, кој веќе неколку сезони е во жирито на „Ѕвездите на Гранд“, е во емотивна врска со 18 години помлада жена. Нејзиното име е Ана, а плод на нивната љубов е ќерката Сташа.

Она што збуни многумина е тоа што тие не живеат заедно.

„Јас сум во еден стан, а Ана со детето е во друг. Се’ е во ред со нас, сопругата си ја сакам најмногу на светот, но поради одредени животни околности моментално сме разделени“, откри Ѓорѓе во едно интервју.

Тој и Ана се во неформален брак. Смета дека во 21 век хартијата е форма која станува оптеретување.

„Не може луѓето со потпис да гарантираат верност, доверба и истрајност. Знам многу прекрасни врски кои се распаднале откако вљубените застанале пред олтар“, порача Ѓорѓе Давид за „Блиц“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Почивај во мир, ангелу: Македонија тагува по Бојан

Нова трагедија ја потресе македонската јавност. Тажната вест ја споделија навивачите од „Комити Ченто“. „Со голема жал ја примивме веста за прераната смрт на членот на Млада Екипа Ченто, Бојан Арсенов. Сочуство до неговото семејство. Бог да му дарува царство небесно“, стои во објавата. Блиски пријатели на Бојан со трогателни […]