fbpx

Тешко се опоравува: Македонската инфлуенсерка повторно во болница

Се молиме за неа

Александра Шијакоска (29), една од најпознатите македонски модни инфлуенсерки, повторно е хоспитализирана.

По операцијата на тумор на мозокот, таа им се обрати на своите илјадници следбеници на „Инстаграм“ признавајќи дека опоравувањето не оди по планот и дека повторно е во болница.

„Многу ми е тешко да се навикнам на новата беспомошна и психички нестабилна јас. Никако не можам да ја прифатам оваа ситуација. Ме боли душата. Празна ми е. Како огромна дупка. Ќе го чекам тој сончев, среќен и убав ден со последните сили ако треба. Ќе чекам“, напиша таа.

Шијакоска неодамна отворено проговори дека води една од најтешките битки во животот.

„Да ми кажеше некој дека на 29 години ќе се борам со тумор наместо да шетам низ светот, да се радувам со пријателите и саканите или да гледам деца ќе му се изнасмеев. По неколку дена плачење и прашување зошто јас, имав време да размислам за сите случувања во мојот живот. Господ ме спремал за ова ме челичел, а јас го знаев тоа, го чувствував“, сподели таа.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Имаат ќерка, не живеат заедно: Која е младата сопруга на Ѓорѓе Давид од „Гранд“?

Јавноста малку знае за приватниот живот на познатиот музичар Рокерот Ѓорѓе Давид, кој веќе неколку сезони е во жирито на „Ѕвездите на Гранд“, е во емотивна врска со 18 години помлада жена. Нејзиното име е Ана, а плод на нивната љубов е ќерката Сташа. Она што збуни многумина е тоа што […]