fbpx

Солзи по младиот Иван: Ова е убиениот полицаец во Заечар, еве што се случило!

Во Заечар синоќа е убиен 28-годишниот полицаец Иван Ѓурѓевиќ, јавуваат српските медиуми.

Во него пукал Д.З. кој претходно ја убил 62-годишната сосетката В.Ѓ. 

Како што дознава „Курир“, во престрелката е повредена и една полицајка. Во бркотницата најверојатно си ја повредила раката и се здобила со исеченица. Раната ѝ е сошиена на Одделот за хирургија, примила инфузија и нејзината физичката состојба е добра.

Се’ уште се чека официјален извештај за инцидентот. По пукањето, напаѓачот се изолирал во поткровјето на семејниот дом, а по извесно време се самоубил. Покрај припадници на Полициската управа во Заечар, биле ангажирани и припадници на Специјалната антитерористичка единица.

Српскиот министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, цело време бил на местото на настанот.

Фото: Курир

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Откриена долго чувана тајна: Шокантни сознанија за Веља Невоља

Во голема полициска акција во Србија уапсен е М.В. за кој се верува дека е припадник на организираната криминална група на Вељко Беливук. При претрес во неговиот стан пронајдени се околу 5,5 килограми кокаин, околу 4,5 литри амфетамин, една рачна мешалка, кујнска вага и машина за вакумирање. Познатиот Веља Невоља […]