Се’ уште не стивнуваат реакциите по голема несреќа која неодамна се случи во рудникот Соко близу Сокобања. Осум рудари загинаа, а 18 беа повредени.
Сите работници се задушија со метан, а еден од најмладите настрадани беше 34-годишниот Бојан Стајиќ.
Неодамна се оженил, а за трагедијата да биде уште поголема, тој пред само еден и пол месец станал татко по долгогодишна битка за потомство.
„Ме побара негов братучед да ме праша кога Бојан е на работа. Претпоставив дека нешто не е во ред. Му реков: Отиде трета смена! Тогаш ме извести дека настанала хаварија во рудникот. Веднаш знаев дека загинал. Имав претчувство. Никој ништо не кажуваше. Веднаш заминаа наши блиски луѓе во амбулантата да видат дали го има на списокот со повредени. Го немало, но не сакаа да ми јават. Кога се појавија на врата, знаев“, расплана раскажа сопругата Драгана за српските медиуми.
Се огласи и братот на Бојан. Раскажа дека конечно почнал да му се радува на животот по приновата. Зел одмор и пред само пет дена почнал повторно да оди на работа.
„Го среди станот, почна да живее со полни гради. Голема трагедија е ова што не’ снајде. Пред пет години и мајка ми ја загубивме“, раскажа тој.
Фото: Фејсбук/Никола Томиќ
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.