fbpx

Синко мој, да те видам, гласот да ти го слушнам: Потресна исповед на мајката на Радован

Радован Грујиќ (47) е еден од загинатите работници во рудникот „Соко“ близу Сокобања.

Неговата мајка Десанка е неутешна. „Го изгубивме. Ах, синко мој, да те видам, гласот да ти го слушнам“, скршена од болка во плач извикува таа, пренесува „Србија данас“. Таа вели дека кобната ноќ го испратила најнормално на работа.

„Среќно сине, му кажав, а тој ми возврати: Благодарам мамо, ноќеска работам, но утре сум слободен, па ќе ти помогнам да го посадиме компирот. За миг се облече и излета од дома: Уште денес да издржам, од утре сум на одмор“, раскажува несреќната жена.

Следното утро Десанка ги слушнала страшните вести, но не знаела веднаш за судбината на своето чедо.

„Ми се јави деверот, слушнал некакви сирени, се случило нешто во рудникот. Помладиот син веднаш се упати таму, но не знаеше да ми каже што се случило. Пристапот бил забранет. Подоцна дознавме дека Радован бил третиот рудар кој без знаци на живот бил изнесен од рудникот. Со него загина и неговиот другар Бранко Чокарило“, низ солзи открива таа.

Вели дека душата ја боли и дека секој ден ќе оди на гробишта.

„Ќе му носам кафе, нема никогаш да го заборавам. Тешко е кога мајка ќе погреба дете. Еве го неговиот татко, инвалид со ампутирани две нозе, плаче во креветот“, завршува Десанка.

Радован работел во рудникот последните шест месеци. Претходно се занимавал со градежништво.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Со години чекале дете, пред месец и пол станал татко: Сопругата на Бојан во шок

Да се напиеме, можеби утре ќе ме нема: Потресни зборови на загинатиот Бранко

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Македонија во солзи: Ненадејно почина Марјан Георгиев

Денес ненадејно не’ напушти една навивачка супер ѕвезда, човек кој Западната трибината го памети уште од основањето на групата. Комити останаа без една навивачка икона, кој своевремено беше еден од оние кои ја основаа, а потоа и предводеа групата, од времето на Сокол, заедно со него, но и по него. […]