fbpx

Го загуби животот борејќи се за семејството: Патувај Перо, ова место не беше за тебе!

Чесен човек со детска душа. Со овие зборови тие што го познаваа го опишуваат Петар Петровиќ (31), најмладиот од осумте рудари кои загинаа во „Соко“. За него и за неговите колеги тагува целиот регион, не постои личност која остана имуна на оваа трагедија.

„Перо беше душа, добар, несебичен и секогаш позитивен. Тие што другаруваа со него, знаат за што зборувам. Не беше среќата секогаш на негова страна, но постојано беше ведар. Животот е суров, секогаш прво си заминуваат најдобрите. Го загуби животот борејќи се за семејството. Патувај Перо, ова место не беше за тебе“, вели негова колешка од Факултетот по педагошки науки.

Оние со кои Петар се дружел додека престојувал во студентскиот дом веќе организираа финансиска поддршка за неговото семејство, сопругата и децата. Како што велат тие, Перо училницата ја заменил со рудник кој го однел в гроб.

„Не му беше местото таму. Не требаше да заврши во јама, за да може да обезбеди леб за семејството. Имаше потенцијал, сега требаше да биде покрај своите деца“, со солзи во очите раскажуваат неговите блиски пријатели.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Синко мој, да те видам, гласот да ти го слушнам: Потресна исповед на мајката на Радован

Да се напиеме, можеби утре ќе ме нема: Потресни зборови на загинатиот Бранко

Со години чекале дете, пред месец и пол станал татко: Сопругата на Бојан во шок

Во рудникот „Соко“ близу Сокобања загинаа осум рудари, а 18 се повредени. Според вицепремиерката на српската Влада и министерка за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ, сите работници се задушиле со метан.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Најпознатата прилепчанка запросена среде Дубаи (ФОТО)

Македонската модна блогерка Валерија Преспаноска го покажа вереничкиот прстен. Нејзиниот иден сопруг Јане Ристески ѝ подготви романтично запросување среде Дубаи каде што двојката моментално престојува. Валерија е прилепчанка која ужива огромна популарност на „Инстаграм“ каде што ја следат речиси 30.000 луѓе. „Jас отсекогаш сакав да се фотографирам и да ја […]