fbpx

Нè напушти ненадејно: Неверување по смртта на Богдан Таневски

Почина Богдан Таневски, директорот на кумановскиот музеј. Тажната вест ја потврдија и неговите колеги на официјалната фејсбук-страна на оваа културна институција.

„ИН МЕМОРИАМ БОГДАН ТАНЕВСКИ (23.5.1958 – 3.4.2022), директор на НУ Музеј – Куманово. Погребот ќе се изврши утре, 4.4.2022 (понеделник) во 13 часот, на Градските гробишта во Куманово. Почивај во мир наш драг колега и директор!“, наведено е во објавата.

Неговите сограѓани со неверување ја примија веста за смртта на Таневски.

„Не’ напушти ненадејно речиси среде работни ангажмани и пред оној заслужен одмор-пензијата. Замина, немајќи време ниту да се пожали, ниту дел од животот да го помине во убави сеќавања на професионалните успеси, соработка, дружби.. Почивај во мир наш Богдане. Сочувство до семејството, пријателите, колегите“, напиша Мирјана Машниќ.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Трагедија: Македонскиот актер почина на 48 години

Почина Стојан Стојанов-Тачи, реквизитер во струмичкиот театар „Антон Панов“ кој како актер-натуршчик се појави во неколку претстави, но и на големото платно. Стојанов е роден на 29 октомври 1973 година во Струмица. Во епизодни улоги настапи во неколку претстави во својот матичен театар во кој беше вработен од 2013 година. […]