fbpx

Трагедија: Македонскиот актер почина на 48 години

Почина Стојан Стојанов-Тачи, реквизитер во струмичкиот театар „Антон Панов“ кој како актер-натуршчик се појави во неколку претстави, но и на големото платно.

Стојанов е роден на 29 октомври 1973 година во Струмица. Во епизодни улоги настапи во неколку претстави во својот матичен театар во кој беше вработен од 2013 година. Играше и во филмот „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски.

Струмичани со неверување ја примија тажната вест.

„Почивај во мир Таче, другарче верно и послушно. Засекогаш ќе останеш во нашите срца, добар човеку. Сочуство до најблиските“, е наведено во една од бројните посвети на социјалните мрежи.

Неговите пријатели, колеги и соработници велат дека секогаш ќе го паметат како насмеан и ведар.

„Беше човек-душа. Нека почива во мир“, коментираат тие.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Беше голем пријател: Почина Ацо Пулески, имаше само 49 години

На 49-годишна возраст, синоќа во Охрид почина поранешниот медиумски работник Ацо Пулески, информира порталот „Охрид прес“. Своевремено беше дел од екипата на охридското „Супер радио“, а работеше и во други локални медиуми. Важеше за голем пријател, секогаш насмеан и позитивен човек, во секое време расположен да помогне и да подаде […]