fbpx

Братот Борис со потресна порака: Нови детали за смртта на ракометарот на Бутел

Ненадејната смрт на ракометарот на Бутел, Денис Тот, ја вознемири македонската, но и јавноста во целиот регион.

На социјалните мрежи со трогателна порака се огласи и братот на хрватскиот интернационалец. „Прерано не’ напушти, драг мој. Почивај во мир, повеќе нема ништо да биде исто без тебе“, напиша Борис Тот на „Фејсбук“.

Во меѓувреме, хрватските портали откриваат нови детали за кобната ноќ пред Денис да биде однесен во болница. Ракометарот на Вардар, Анте Гаџа, за „Вечерњи“ раскажува дека тоа што се случило е страшно.

„Постојат разни приказни и не знам која е вистината. Соиграчите во соблекувалната зборуваа дека го пронашла келнерка од локалот каде што се случило тоа, Денис лежел во тревата. Наводно таа повикала итна помош“, вели Гаџа.

МВР претходно потврди дека ракометарот на Бутел вчера во 04:11 часот бил донесен на Клинички центар во Скопје без видливи траги на насилство и дека веднаш му е пружена лекарска помош.

Дека не бил претепан во скопскиот клуб „Привилиџ“ како што првично објавија повеќе медиуми и дека Тот бил донесен без видливи знаци на насилство, но во критична состојба и без срцева акција, за „Фокус“ потврди и директорката на КАРИЛ, доктор Маја Мојсова.

Денис Тот трета сезона играше во македонското првенство. Неговиот поранешен клуб РК Охрид веќе изрази сочуство преку порака на социјалните мрежи.

Фото: Фејсбук/Инстаграм

Следни Објави

Стефанија неутешна по смртта на Денис: Трогателни зборови кои ќе ве расплачат

Ненадејната смрт на 27-годишниот ракометар на Бутел, Денис Тот, ги вознемири македонските фанови, но и јавноста во целиот регион. На социјалните мрежи со трогателна порака се огласи и братот на хрватскиот интернационалец кој порача дека повеќе нема ништо да биде исто без него, а сега се огласи и неговата пријателка […]