fbpx

Неочекуван пресврт: Денис сепак бил нападнат од дечко и девојка, ова се деталите!

Хрватскиот ракометар Денис Тот вчера изутрината сепак бил нападнат од две лица, дечко и девојка, во близината на дискотеката „Привилиџ“.

Ова наводно го покажале безбедносните снимки, а откако полицијата ги прегледала камерите на „Сејф Сити“ веднаш е отворен предмет во МВР.

„Дечкото и девојката излегуваат од такси возилото. Дечкото му удира две шлаканици, по што ракометарот веднаш паѓа на земја, а девојката неколку пати го удира со нога по главата. Младиот ракометар воопшто не се придвижил, ниту пак дал отпор. Откако виделе дека е во бесознание, двајцата се обиделе да му помогнат и да го реанимираат, но не успеале, по што избегале од местото на настанот, а такси возилото си заминало уште кога настанала расправијата. Телото на младиот ракометар го видела една од вработените во дискотеката и веднаш повикала Брза помош“, пишува „Вистиномер“.

Претходно од МВР соопштија дека ракометарот на Бутел вчера во 04:11 часот бил донесен на Клинички центар во Скопје без видливи траги на насилство. Дека не бил претепан тврдеше и директорката на КАРИЛ, доктор Маја Мојсова, која изјави дека бил хоспитализиран во критична состојба и без срцева акција.

НА ИСТАТА ТЕМА: Стефанија неутешна по смртта на Денис: Трогателни зборови кои ќе ве расплачат

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Братот на починатиот ракометар конечно ја откри вистината: Еве што се случило!

Доцна вечерва повторно се огласи братот на починатиот ракометар Денис Тот. Борис го демантира тоа што наводно се гледало на безбедносните камери и негира дека Денис бил нападнат од две лица, дечко и девојка, во близината на дискотеката „Привилиџ“, како што објави „Вистиномер“, онлајн медиумот кој врши проверка на фактите […]