fbpx

Пресврт: Ракометарот во Скопје не бил претепан, еве што се случило!

МВР со соопштение ги демантира информациите дека хрватскиот ракометар Денис Тот бил брутално претепан во Скопје, туку на КАРИЛ бил донесен во бесознание.

„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вчера (07.04.2022) во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста“, велат од МВР.

Наспроти информациите на клубот Бутел и хрватските медиуми дека ракометарот синоќа бил претепан во скопскиот клуб „Привилиџ“, сепак тој на скопската Клиника за реанимација, анестезија и интензивно лекување бил донесен без видливи знаци на насилство, но во критична состојба и без срцева акција, потврди за „Фокус“, директорката на КАРИЛ, доктор Маја Мојсова.

„Ракометарот е во критична состојба. Слободно, можам да кажам дека се бориме за неговиот живот. Но, тоа што е чудно е дека тој нема видливи знаци на насилство. На нашата клиника беше донесен без срцева акција. Правиме се што можеме во моментот за да му го спасиме животот“, вели доктор Мојсова за „Фокус“.

Следни Објави

Син ми почина четири дена откако се роди: Македонската пејачка проговори за загубата

Познатата пејачка и професорка по соло-пеење, Искра Трпева Арсовска, за миг се присети на болната животна епизода кога го загуби синот Петар. „Почина четири дена откако се роди. Тој е дел од мојот живот и ќе биде сè додека постојам. Нема да говорам на оваа тема“, вели таа во своето најново […]