fbpx

Син ми почина четири дена откако се роди: Македонската пејачка проговори за загубата

Познатата пејачка и професорка по соло-пеење, Искра Трпева Арсовска, за миг се присети на болната животна епизода кога го загуби синот Петар.

„Почина четири дена откако се роди. Тој е дел од мојот живот и ќе биде сè додека постојам. Нема да говорам на оваа тема“, вели таа во своето најново интервју.

За жал, пред неколку месеци се соочи со уште една загуба – почина нејзиниот славен татко, фудбалската легенда Ванчо Трпевски.

„Мојот ТАТКО. Големина во секоја смисла на зборот. Човек којшто цел живот го помина во „Вардар“ (го сакаше со цело срце и полни гради). Докажан и почитуван фудбалски тренер во поранешна СФРЈ. Неговите дела говорат за тоа!  А мене, мене ме учеше на чесност , вредност и искреност! Вредности коишто се во изумирање. Татко мој, ми фалиш секој момент. ТЕ САКАМ“, вели таа за „Женски магазин“.

Искра е во брак со Благоја Арсовски кој е професор по физичко. Плод на нивната љубов е ќерката Ангела која неодамна го прослави јубилејниот десетти роденден.

Фото: Фејсбук

Следни Објави

Хорор убиство ја потресе Македонија: Вака ја убил мајка си!

Трагедија утрово ги вознемири македонските граѓани, особени оние во тетовското село Селце. Син со секира ја убил својата мајка, информираат од МВР.  „Денеска околу 8 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово, во тетовско Селце, го лишиле од слобода 45-годишниот У.Д. од ова село, кој се сомничи дека […]