fbpx

Стефанија неутешна по смртта на Денис: Трогателни зборови кои ќе ве расплачат

Ненадејната смрт на 27-годишниот ракометар на Бутел, Денис Тот, ги вознемири македонските фанови, но и јавноста во целиот регион.

На социјалните мрежи со трогателна порака се огласи и братот на хрватскиот интернационалец кој порача дека повеќе нема ништо да биде исто без него, а сега се огласи и неговата пријателка Стефанија Трајческа, основач и управител на Центар за рана интервенција и стимулација на деца и возрасни.

„Остана киндер јајцето за Стефи неземено. Почивај во мир и мавни понекогаш од зад облаци. Ти беше некој со најтоплo срце и преубава енергија, замина не поради твоја вина, баш поради „човечка нечовечност“.. Чао до наредно видување, мил Денис..“, напиша таа на „Инстаграм“.

И понатаму се шпекулира која е вистината по смртта на Денис. Ракометарот на Вардар, Анте Гаџа, за „Вечерњи“ изјави дека тоа што се случило е страшно.

„Соиграчите во соблекувалната зборуваа дека го пронашла келнерка од локалот каде што се случило тоа, Денис лежел во тревата. Наводно таа повикала итна помош“, изјави тој.

Според извештајот на МВР, ракометарот на Бутел вчера во 04:11 часот бил донесен на Клинички центар во Скопје без видливи траги на насилство. Дека не бил претепан како што првично објавија повеќе медиуми потврди и директорката на КАРИЛ, доктор Маја Мојсова, која изјави дека бил хоспитализиран во критична состојба и без срцева акција.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Неочекуван пресврт: Денис сепак бил нападнат од дечко и девојка, ова се деталите!

Хрватскиот ракометар Денис Тот вчера изутрината сепак бил нападнат од две лица, дечко и девојка, во близината на дискотеката „Привилиџ“. Ова наводно го покажале безбедносните снимки, а откако полицијата ги прегледала камерите на „Сејф Сити“ веднаш е отворен предмет во МВР. „Дечкото и девојката излегуваат од такси возилото. Дечкото му […]