fbpx

Бојан Лазаров се самоубил: Детали за трагедијата

Трагедија денеска го потресе регионот. На 50-годишна возраст почина познатиот актер Бојан Лазаров, а како што дознаваат српските медиуми тој се самоубил скокајќи од мостот Ада.

Лазаров долго време се борел против депресија, а веќе имал еден неуспешен обид да си го одзеде животот пред две години.

Позади себе остави две деца, пишува „Курир“.

Освен по улогите во матичниот театар „Душко Радовиќ“, публиката го препознава и по филмовите „Смрт човека на Балкану“ и „Београдски фантом“, како и по телевизиските серии „Државни службеник“ и „Ургентни центар“.

Неговите колеги со неверување ја примија тажната вест. Меѓу нив и Слобода Миќаловиќ со која играше во серијата „Тајна винове лозе“. Таа објави фотографија со него и напиша „Боки“ со тажен емотикон.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Отокот на мозокот може да биде од повеќе причини: Се огласија од КАРИЛ

Клиниката за ТОАРИЛУЦ-КАРИЛ остро ги осудува сите шпекулации во јавноста во изминатиот ден поврзани со транспарентноста за трагичната смрт на 27-годишниот ракометар на Бутел, Денис Тот. „Од самиот прием ја истакнавме тежината на состојбата во која пациентот е примен и сите обиди за реанимација. Се надеваме дека надлежните институции ќе […]