fbpx

(ФОТО) Кој е осомничениот за убиството на ракометарот Денис Тот?

Полицијата приведе две лица, а трага по првоосомничениот за смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот кој, според последните информации, починал како последица од претепување.

Порталот неофицијално дознавава дека станува збор за Ангело Ѓоргиевски, кој според неговиот профил на Фејсбук живее во Марибор, Словенија. По него е распишана централна потерница, што значи дека полицијата смета дека тој е во земјава.

Сепак, ако се има во предвид дека живее во странство, не е исклучено тој да ја напуштил земјава бидејќи инцидентот се случи пред два дена, пишува „24 Инфо“ кој објави и принтскрин од фејсбук-профилот на Ѓоргиевски.

„Во врска со случајот за починатиот Д.Т. (28) по обезбедените снимки и дополнителни мерки и активности од страна на СВР Скопје утврдени се следните факти. На ден 07.04.2022 година, околу 03:30 часот, пред ноќен клуб лоциран во Градскиот парк, дошло до вербална расправија помеѓу лицето Д.Т. (28) од Р.Хрватска, со привремен престој во РСМ и лицата А.Ѓ. (28), К.Л.(19) и А.К.(22) сите од Скопје при што тројцата го нападнале и му нанеле удари по главата на Д.Т. од кои тој паднал со глава наназад на асфалтот и изгубил свест. Од страна на Итна медицинска помош лицето било пренесено во Ургентен центар при Клиниките „Мајка Тереза” каде му била укажана лекарска помош со реанимација и бил ставен на апарати за дишење, во критична состојба.Според лекарите повредениот имал престанок на работата на срцето и бил во животна опасност. Во текот на вчерашниот ден им подлегнал на повредите.Вчера на 08.04.2022 година, во просториите на ЕНК при ЕВР Скопје во присуство на бранителот, извршен е службен разговор со повеќе лица меѓу кои и двајца од осомничените. Постапувајќи по Наредба издадена од Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје на ден 08.04.2022 година, извршен е претрес во домот на лицето А.Ѓ. кој е недостапен на органите на прогонот и со потврда за привремено одземени предмети одземени се предмети што ќе бидат доставени на вештачење во ОКТИВ при МВР. По лицето А.Ѓ. (28) од Скопје е распишан централен распис“, стои во соопштението на МВР.

Следни Објави

Шок и неверување: Нови детали за осомничениот убиец на Денис Тот

Првоосомничениот за претепувањето на хрватскиот ракометар Денис Тот, Ангело Ѓоргиевски, е повеќекратен деликвент осудуван за трговија со дрога во Словенија, пишува порталот 24 Инфо. Ѓоргиевски, кој е роден во Марибор, во јуни 2016 година во центарот на градот направил тешка сообраќајка. Тој со својот автомобил „фиат пунто“ удрил во пет паркирани […]