fbpx

Познатиот пејач се самоуби: Ѕвездата на „Гранд“ открива страшни детали за смртта на колегата (ФОТО)

Смртта на младиот натпреварувач во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, Момир Луковац, пред една година одекна во целиот регион. Жирито му предвидуваше блескава кариера поради одличните вокални способности, а беше омилен и меѓу колегите, па сите беа шокирани кога дознаа дека се самоубил пукајќи си во главата.

Трагично загинатиот 24-годишен пејач уживаше огромна поддршка и од Јелена Карлеуша која во тоа време беше дел од жирито на „Гранд“.

„Имаш навистина убава насмевка. Се гледа дека си добра душа, духовит, опуштен.. Машки се избори со тремата. Првпат си овде, а како да не си“, му порача славната пејачка по премиерниот настап.

Крстиња Тодоровиќ, исто така натпреварувачка во „Ѕвездите на Гранд“ и блиска другарка на Луковац, откри што навистина се случувало пред трагичниот настан кој го потресе регионот.

„Никој не знае што го навело да си го одземе животот. Се јавив во брзата помош да проверам дали навистина тоа се случило и добив информација дека се застрелал со пиштол. Ми рекоа дека се самоубил во станот кадешто живееше со девојката“, раскажа Крстиња.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Шок и неверување: Нови детали за осомничениот убиец на Денис Тот

Првоосомничениот за претепувањето на хрватскиот ракометар Денис Тот, Ангело Ѓоргиевски, е повеќекратен деликвент осудуван за трговија со дрога во Словенија, пишува порталот 24 Инфо. Ѓоргиевски, кој е роден во Марибор, во јуни 2016 година во центарот на градот направил тешка сообраќајка. Тој со својот автомобил „фиат пунто“ удрил во пет паркирани […]