fbpx

Шок и неверување: Нови детали за осомничениот убиец на Денис Тот

Првоосомничениот за претепувањето на хрватскиот ракометар Денис Тот, Ангело Ѓоргиевски, е повеќекратен деликвент осудуван за трговија со дрога во Словенија, пишува порталот 24 Инфо.

Ѓоргиевски, кој е роден во Марибор, во јуни 2016 година во центарот на градот направил тешка сообраќајка. Тој со својот автомобил „фиат пунто“ удрил во пет паркирани автомобили и избегал, но набргу бил фатен од полицијата. Тогаш мариборските криминлисти влегле во трага на бандата дилери на дрога, меѓу кои и нашинецот.

Во октомври истата година во Шентиљ полицијата открила лабораторија за производство на синтетички дроги. Меѓу другото имало и ГБХ (гамахидроксибутират) кој спаѓа во категорија на депресори на нервниот систем или средство за успивање и позната како дрога за силување. Во лабораторијата биле запленети амфетамини и марихуана.

„Во врска со случајот за починатиот Д.Т. (28) по обезбедените снимки и дополнителни мерки и активности од страна на СВР Скопје утврдени се следните факти. На ден 07.04.2022 година, околу 03:30 часот, пред ноќен клуб лоциран во Градскиот парк, дошло до вербална расправија помеѓу лицето Д.Т. (28) од Р.Хрватска, со привремен престој во РСМ и лицата А.Ѓ. (28), К.Л.(19) и А.К.(22) сите од Скопје при што тројцата го нападнале и му нанеле удари по главата на Д.Т. од кои тој паднал со глава наназад на асфалтот и изгубил свест. Од страна на Итна медицинска помош лицето било пренесено во Ургентен центар при Клиниките „Мајка Тереза” каде му била укажана лекарска помош со реанимација и бил ставен на апарати за дишење, во критична состојба.Според лекарите повредениот имал престанок на работата на срцето и бил во животна опасност. Во текот на вчерашниот ден им подлегнал на повредите.Вчера на 08.04.2022 година, во просториите на ЕНК при ЕВР Скопје во присуство на бранителот, извршен е службен разговор со повеќе лица меѓу кои и двајца од осомничените. Постапувајќи по Наредба издадена од Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје на ден 08.04.2022 година, извршен е претрес во домот на лицето А.Ѓ. кој е недостапен на органите на прогонот и со потврда за привремено одземени предмети одземени се предмети што ќе бидат доставени на вештачење во ОКТИВ при МВР. По лицето А.Ѓ. (28) од Скопје е распишан централен распис“, стои во соопштението на МВР.

Следни Објави

Ангелу, почивај во мир: Македонија тагува по 25-годишниот Никола (ФОТО)

Познат е идентитетот на младиот мотоциклист кој загина на автопатот Скопје-Велес. Станува збор за 25-годишниот Никола од Скопје, меѓу пријателите познат како Никси, кој вчера попладне околу 16:30 часот излета од коловозот во близина на Катланово со неговиот мотоцикл „хонда“ и почина на лице место. Роднини и блиски пријатели со […]