fbpx

Потресни сцени: Погребан Денис Тот, зборовите на свештеникот ќе ве расплачат

Хрватскиот ракометар Денис Тот денеска беше погребан во родното Ѓаково откако до смрт беше претепан пред една скопска дискотека.

Бројни пријатели, колеги и роднини денеска се собраа на неговото вечно почивалиште, а видеата од настанот кои ги објавија тамошните медиуми изобилуват со потресни сцени.

„Денис, ти благодариме за се’ што направи за своето семејство, за својот град и за спортот воопшто. Тешко е да се каже последното „фала“ затоа што можеше уште толку многу да направиш, но вистината мораме да ја прифатиме. Не’ напушти, но спомените за тебе остануваат“, кажа свештеникот.

ОСТАНАТИТЕ ВЕСТИ ЗА ДЕНИС ТОТ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ!

Во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи се појави вознемирувачка снимка од безбедносните камери пред дискотеката „Привилиџ“ за која се тврди дека е од убиството на младиот спортист. Во меѓувреме, МВР распиша меѓународна потерница за првоосмничениот Ангело Ѓорѓиевски.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Лични односи: Која е девојката од снимката која крвнички го удира Денис?

Во Ѓаково вчера беше погребан хрватскиот ракометар Денис Тот. За неговата смрт се осомничени три лица, меѓу кои и 19-годишната скопјанка Клементина Летковска. На нејзиниот фејсбук-профил нема достапни објави. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, претходно изјави дека таа и Денис се познавале и дека врз основа на изјавите на […]