fbpx

Лични односи: Која е девојката од снимката која крвнички го удира Денис?

Во Ѓаково вчера беше погребан хрватскиот ракометар Денис Тот. За неговата смрт се осомничени три лица, меѓу кои и 19-годишната скопјанка Клементина Летковска.

На нејзиниот фејсбук-профил нема достапни објави. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, претходно изјави дека таа и Денис се познавале и дека врз основа на изјавите на очевидци причина за трагедијата се лични односи на девојката со настраданиот.

На вознемирувачка снимка од безбедносните камери пред дискотеката „Привилиџ“ се гледа дека токму Клементина е најагресивна меѓу присутните. Таа и 22-годишниот А.К. веднаш се уапсени, а по речиси една недела во бегство рано утрово во полициската станица Аеродром се предаде и Ангело Ѓоргиевски, провоосомничениот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.

ОСТАНАТИТЕ ВЕСТИ ЗА ДЕНИС ТОТ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ!

Ѓоргиевски е повеќекратен деликвент осудуван за трговија со дрога во Словенија, објави порталот 24 Инфо. Во јуни 2016 година во Марибор направил тешка сообраќајка откако со својот автомобил „фиат пунто“ удрил во пет паркирани автомобили и избегал, но набргу бил фатен од полицијата.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Неочекувани детали за убиството на Денис: Вака почнало сè!

Според неофицијални информации на телевизија „Алфа“ непристоен допир е причината за тепачката која резултираше со убиство на 28-годишниот ракометар Денис Тот. Ова во Обвинителството наводно го кажала 19-годишната Клементина Летковска, една од осомничените за убиството на хрватскиот интернационалец. По  шест дена бегство, дури вчера во притвор заврши и првоосомничениот Анџело Ѓоргиевски, […]