fbpx

Неочекувани детали за убиството на Денис: Вака почнало сè!

Според неофицијални информации на телевизија „Алфа“ непристоен допир е причината за тепачката која резултираше со убиство на 28-годишниот ракометар Денис Тот.

Ова во Обвинителството наводно го кажала 19-годишната Клементина Летковска, една од осомничените за убиството на хрватскиот интернационалец.

По  шест дена бегство, дури вчера во притвор заврши и првоосомничениот Анџело Ѓоргиевски, откако по него беше распишана и меѓународна потерница.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва за ТВ 24 откри дека Ѓоргиевски не бил избеган надвор од земјава и дека се криел во објект во Скопје.

ОСТАНАТИТЕ ВЕСТИ ЗА ДЕНИС ТОТ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ!

„Сите оперативни информации, стеснет простор и тоа допринеле после повеќе часовни активности, лицето да биде најдено и приведено во станицата во Аеродром. Лицето се криело во Скопје, во еден објект, а истрагата мора да се води низ институциите, но сето она што може да соопштиме ќе го кажеме. Многу информации имаше за овие два дена и на крајот излезе дека е тука и дека е изведен пред лицето на правдата. Знаевме дека не ја напуштил Македонија и се работеше интензивно на тоа“, вели Спасовски.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Виден е: Неочекуван пресврт за Матеј Периш

Две нови снимки се појавија на „Јутјуб“ од ноќта кога во Белград исчезна 27-годишниот Матеј Периш. И двете видеа се од безбедносните камери на халата Бетон, местото од каде што му се губи секаква трага на момчето од Сплит. Марко Маркановиќ, администраторот на фејсбук-групата „Исчезнатиот Матеј Периш“ и на вајбер-групата […]