fbpx

Неизмерна тага: Почина македонската актерка Мајда Тушар

Почина македонската театарска и филмска глумица Мајда Тушар. Тажната вест ја потврдија и од нејзиниот матичен Драмски театар од каде се пензионираше во 2015 година.

„Со неизмерна тага ви соопштуваме дека утрово почина нашата драга колешка и актерка“, стои во објавата.

Мајда Тушар (родена на 24 јуни 1950 година) дипломираше актерска игра во првата класа на Факултетот за драмски уметности Скопје и веднаш по дипломирањето активно се вклучи во тековниот репертоар на театарот, особено во проектите на Вечерната сцена.

Нејзини поважни актерски остварувања се: Рут во „Дејството на гама зраците врз сенишните невени“ (1973), Лисјена во „Болва во уво“ (1974), Дафина во „Јане Задрогаз“ (1974), Неда во „Црнила“ (1977), Ленче во „Ослободување на Скопје“ (1978), Орсолина во „Рибарски караници“ (1979), Невестата во „Чудото на Свети Ѓорѓи“ (1981), Клодија во „Тетовирани души“ (1986), Кристина во „Сили во воздухот“ (1988), Медеја во „Медеја“ (1988) и Блага во „Кула Вавилонска“ (1990).

Добитник е на наградата „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на театарот. Во 1978 година беше прогласена за актер на годината за улогата на Ленче во претставата „Ослободувањето на Скопје“, а истата година ја доби и наградата „Војдан Чернодрински“ за истото остварување. Во 1999 година ѝ беше доделена награда за најдобра споредна улога за ликовите на мајките во претставата „Роберто Зуко“.

Фото: Фејсбук/Википедија

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Ѝ се насолзија очите, замина во темнината: Последната средба со починатата македонска актерка

Тажни се овие разделби, но, луѓето се паметат по оноа што зад себе го оставиле, а ти, драга моја Мајда, не само кај мене и Тања, туку и кај многумина кои имале прилика од поблиску да те запознаат, имаш оставено неизбришливи траги. Иако поминаа многу години од оние непроспиени ноќи, […]