fbpx

Виден е: Неочекуван пресврт за Матеј Периш

Две нови снимки се појавија на „Јутјуб“ од ноќта кога во Белград исчезна 27-годишниот Матеј Периш. И двете видеа се од безбедносните камери на халата Бетон, местото од каде што му се губи секаква трага на момчето од Сплит.

Марко Маркановиќ, администраторот на фејсбук-групата „Исчезнатиот Матеј Периш“ и на вајбер-групата „Правда за Матеј“, неодамна првпат се огласи во медиумите. Тој истакна дека му се јавуваат луѓе од Хрватска, Босна, Србија, Германија, Шведска, па дури и од Америка, а многумина од нив нудат и парична помош. Сепак, тој се осврна и на лажните дојави, како и за поединците кои објавуваат фотошопирани снимки и фотографии со Матеј и на тој начин штетат на истрагата.

„Морам да дополнам дека е голем проблем што луѓето се служат со лажни објави да добијат публицитет. Последна таква дојава беше дека Матеј е виден во Нови Сад. Има многу профили кои наводно се бават со истрагата, а всушност ја искривуваат вистината“, изјави тој.

Марко тврди дека неговите акаунти се единствените на кои се споделуваат релевантни информации, како и дека тој е во постојан контакт со Ненад Периш, таткото на Матеј.

„Освен дојави, секојдневно добивам и закани. Оние со поексплицитна содржина ги пријавувам во полиција и потоа таа соодветно реагира“, откри Маркановиќ.

Матеј Периш исчезна во Белград ноќта помеѓу 30 и 31 декември. По напуштањето на ноќниот клуб „Готик“ му се губи секаква трага.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Тага! Почина познатата актерка на 46 години, ја загуби битката со ракот

Болеста ѝ беше дијагностицирана во 2019 година Поминаа четири месеци откако актерката Мелани Кларк Пулен почина на 46-годишна возраст по тригодишна борба со ракот. Ѕвездата на EastEnders не ја издржа последната радиотерапија и се упокои на 29 март. На Мелани, која позади себе остави сопруг и три деца, во јануари […]