fbpx

Не ни беше судено тогаш: Биба Додева се отвори за третиот сопруг

Познатата пејачка и претседателката на Здружението „Борка“, Биба Додева, неодамна по третпат се заколна на вечна љубов.

Двојката се одлучи за интимна забава во едно познато скопско бифе на кое присуствуваше и познатата македонска поетеса Ана Бунтеска која прва на социјалните мрежи ја сподели радосната вест.

Избраникот на Биба Додева се вика Срѓан и, како што вели таа, не сака да се експонира.

„Ние сме си љубов од 2011 година. Не ни беше судено тогаш. Пак се пронајдовме и љубовта продолжи како никогаш да немала прекин. Едноставно не ми се верува дека има среќичка и за мене на тоа поле. Пресреќни сме. Ова е само уште еден убав доказ дека сепак од она што ти е судено не се бега, па кога е вистинско време, тогаш и ќе ти дојде во животот“, раскажа Биба пред неколку месеци за „Женски магазин“.

Само ден пред венчавката Додева наполни 47 години. Таа веќе е реализирана мајка и баба.

Следни Објави

Со Благица се заедно од деца: Инспиративната љубовна приказна на Филип Миркуловски

Вечерва го игра последниот меч за Македонија. Посакува среќен крај и пласман на СП Филип Миркуловски, еден од најдобрите средни бекови во нашата историја, денеска против Чешка ќе го игра последниот натпревар за македонската репрезентација. Најави дека ќе има доста емоции и се надева на среќен епилог – победа и […]