fbpx

Познатиот пејач пронајден мртов: Мистериозна смрт, една работа ги вознемири сите

Пејачот Роѓа Раичевиќ беше голема музичка ѕвезда во деведесеттите години на минатиот век. Имаше само 45 години кога почина во својот стан во Белград, а неговата смрт и по две децении се’ уште е мистерија.

Се зборуваше дека починал од предозирање со метамфетамин и хероин, но тоа никогаш официјално не беше потврдено. Претходниот ден наводно го поминал со својата девојка.

Фановите се’ уште зборуваат и за фамозниот куфер кој по трагедијата беше затекнат во ходникот на зградата во која живееше естрадниот уметник. Се погласни се муабетите дека токму од него е украдена тетратка со необјавени песни на пејачот. Наводно, познат српски пејач подоцна си ги присвоил потпишувајќи се како автор на тие дела. Ова го тврдеше и Билјана Вујовиќ, текстописец на бројни хитови која го познавала Раичевиќ.

„Многумина се вмешани во оваа приказна. Слушнав дека по смртта на Роѓа тетратката ја земал негов пријател и колега со кој бил близок. Прво се сомневав дека ова е точно, но подоцна се уверив дека е вистина. Тој, во тоа време едвај познат пејач, интензивно почнува да снима албуми на кои се сите тие хит-песни. Тој се проби и денеска е многу почитуван. Кариерата ја изгради на грбот на Раичевиќ и жалам што тоа нема никогаш да се дознае. Не можам да ви го кажам неговото име, не сакам да имам проблеми. Сепак, тоа се шпекулации“, раскажа Билјана.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Убавици: Запознајте ги сопругите на македонските ракометари (ФОТО)

Нашите омилени спортисти има со што да се гордеат Македонските ракометари повторно се во фокусот на вниманието откако нашата репрезентација обезбеди пласман на уште едно Светско првенство. Велат дека позади секој успешен маж стои успешна жена, па „Мастило“ одлучи да ви ги претстави од еден поинаков агол, како реализирани семејни […]