fbpx

Со Благица се заедно од деца: Инспиративната љубовна приказна на Филип Миркуловски

Вечерва го игра последниот меч за Македонија. Посакува среќен крај и пласман на СП

Филип Миркуловски, еден од најдобрите средни бекови во нашата историја, денеска против Чешка ќе го игра последниот натпревар за македонската репрезентација. Најави дека ќе има доста емоции и се надева на среќен епилог – победа и пласман на Светското првенство.

Членот на Вецлар има инспиративна љубовна приказна. Со сопругата Благица се во врска уште од средношколските денови, а во брак од 2012 година. Плод на нивната љубов се ќерките Ања и Јована.

„Со Филип сме заедно речиси од деца. Заедно завршивме средно училиште, заедно се запишавме на Правен факултет. Заедно завршивме и факултет, јас редовно, а Филип поради професионалните обврски вонредно. Додека студиравме, јас често запишував се’ во тетратка, па потоа тој учеше од таму, бидејќи немаше доволно време. Во нашите факултетски денови секогаш одев со него на полагање на испити, секогаш чекав пред врата, пријавував испити.. Љубовта која ни започна на шеснаесет години ја крунисавме со брак во 2012 година, а Јована ни се роди наредната година. Потоа заминавме во Германија“, се присети Благица пред неколку години за „Фокус“.

Во истото интервју призна дека свесно ги жртвувала професионалните амбиции, но дека никогаш не зажалила поради тоа.

„Јас сум дипломиран правник, магистар по уставно право. Секогаш бев амбициозна, да работам во животот, но поради обврските кои ги имаше Филип беше невозможно да работам и да бидеме одвоени двајцата. Затоа решив максимално да се поветам на семејството и на Филип, и поради тоа морав да дадам отказ на работното место. Тоа е таа жртва која речиси секогаш жената на еден професионален сопртист ја дава, во поглед на тоа дека мора да се откажеш од сите свои амбиции за сметка на успехот на својот сопруг“, појасни Благица.

Фото: Фејсбук/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Убавици: Запознајте ги сопругите на македонските ракометари (ФОТО)

Нашите омилени спортисти има со што да се гордеат Македонските ракометари повторно се во фокусот на вниманието откако нашата репрезентација обезбеди пласман на уште едно Светско првенство. Велат дека позади секој успешен маж стои успешна жена, па „Мастило“ одлучи да ви ги претстави од еден поинаков агол, како реализирани семејни […]