fbpx

Тато, продолжувам каде застана: Синот на починатиот Гоце Талевски во фокусот

Во мај минатата година од последици на Ковид-19 почина Гоце Талевски, еден од основачите на битолската група „Оскар“. Докажаниот музичар не успеа да ја добие најважната животна битка, а тогаш на социјалните мрежи првпат се огласи и неговиот син Павел.

Тој објави нивна заедничка фотографија под која напиша трогателна посвета.

„Другари, се случи нешто што не го очекувавме. Татко ми Гоце Талевски ја изгуби битката со коронавирусот. Јас тоа што му го ветив, ќе го остварам. Ќе продолжам од каде што застана и ќе се трудам да сум како него и да ги слушам неговите совети. Тато, те сакам најмногу на светот“, напиша тој.

И тоа што го вети, навистина го оствари. Павел кој заврши Нижо музичко училиште на отсек ударни инструменти, неодамна организираше отворен час по тапани во Битола во чест на татка си.

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Не се „убијци“ на деца: Марија бара достоинство за наставниците

Деновиве просветните работници се исправени пред, нема да претерам ако речам, Хамлетовското “Да се биде или не“, во битка не само за своите уставно и законски загарантирани права, туку пред се и над се, во битка за одбрана на своето човечко и професионално достоинство. Откако со години се маргинализирани во […]