fbpx

Дарко со лисици на рацете: Фановите на најпознатиот моден креатор во шок

Уапсен е познатиот моден креатор Дарко Костиќ. Во неговиот дом е затекнато злоставувано младо момче, информираат тамошните медиуми.

По претходна дојава, српската полиција интервенирала експресно. Во станот на 42-годишниот дизајнер пронашла млад човек на кој наводно рацете му биле врзани со јаже, над главата имал дуксер и бил затворен во оставата на станот.

Според првичните сознанија, момчето искомуницирало со Костиќ преку ЛГБТ-апликација за запознавање. Откако се појавил на неговата адреса, креаторот наводно му понудил да проба разни наркотици пред да почне да го злоставува.

Славниот Костиќ веќе има досие во полицијата. Пред пет години беше уапсен за поседување дрога. Додека траеше истрагата, едно момче исто така го обвини за сексуално вознемирување, но на судењето го смени исказот.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Кралицата слави роденден: Неверства и секс скандали, ова се најголемите тајни на Елизабета

Кралицата Елизабета Втора денеска го слави својот 96-ти роденден. Таа со хеликоптер отпатува до нејзиниот имот во Норфолк, каде што ќе ѝ се придружат семејството и пријателите. Се очекува да остане во викендицата која особено му се допаѓаше на нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип. Кралицата беше во Сандрингам и кога го […]