fbpx

Моќта на првото вапцано јајце: Еве каде да го чувате!

Првите три јајца се вапсуваат на Велики четврток уште рано во темнина за да не ги види сонцето. Затоа, според верувањата, не се расипуваат со години

Старите адети кажуваат дека в зори на Величетврток треба да се вапса барем едно црвено јајце. Првото вапсано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце. Второто е за домаќинот на семејството. Третото е за бериќет и за стоката.

За првото јајце се верува дека има магична моќ, па затоа неговото место е под иконата. Во народните преданија се вели дека со него се лекуваат одредени болести.

Сепак и во вапсувањето јајца, како и во сите други нешта што се работат, секогаш е најважна добрата мисла. Така, штом излезат првите сончеви зраци на Величетврток, домаќинката или кој било што ги вапсува јајцата ги буди најблиските и со првото јајце им поминува по лицата со зборовите „црвено, бело, дебело“!

Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воедно ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето нѐ потсетува на крвта христова и спасението.

Црвените јајца во христијанството се симбол на воскресението Христово и на самиот празник Велигден. Формата го претставува гробот на Христос – како што од јајцето излегува живот кога ќе се испили, така од гробот излегол Исус Христос.

Следни Објави

Весна, те сакам бескрајно: Се ожени Драган Спасов-Дац

По повеќе од една деценија заеднички живот, македонскиот актер Драган Спасов-Дац синоќа се ожени со неговата партнерка Весна Терзиевска. Токму таа му организираше спектакуларно изненадување за неговиот јубилеен 50-ти роденден, откако на свирка му се појави со бурми и матичар. „Синоќа во очи мојот роденден, мојата Весна заедно со пријателите […]