fbpx

Весна, те сакам бескрајно: Се ожени Драган Спасов-Дац

По повеќе од една деценија заеднички живот, македонскиот актер Драган Спасов-Дац синоќа се ожени со неговата партнерка Весна Терзиевска.

Токму таа му организираше спектакуларно изненадување за неговиот јубилеен 50-ти роденден, откако на свирка му се појави со бурми и матичар.

„Синоќа во очи мојот роденден, мојата Весна заедно со пријателите ми приреди несекојдневно изненадување. Во најголема тајност и без ништо да се посомневам, организирале матичар, и синоќа официјално стапивме во брак. Фала на сите, посебно на мојата лавица. Весна, те сакам бескрајно!“, напиша Дац на „Фејсбук“ споделувајќи и фотографија од церемонијата.

Фото: Фејсбук

Следни Објави

Дарко со лисици на рацете: Фановите на најпознатиот моден креатор во шок

Уапсен е познатиот моден креатор Дарко Костиќ. Во неговиот дом е затекнато злоставувано младо момче, информираат тамошните медиуми. По претходна дојава, српската полиција интервенирала експресно. Во станот на 42-годишниот дизајнер пронашла млад човек на кој наводно рацете му биле врзани со јаже, над главата имал дуксер и бил затворен во […]