fbpx

Кралицата слави роденден: Неверства и секс скандали, ова се најголемите тајни на Елизабета

Кралицата Елизабета Втора денеска го слави својот 96-ти роденден. Таа со хеликоптер отпатува до нејзиниот имот во Норфолк, каде што ќе ѝ се придружат семејството и пријателите.

Се очекува да остане во викендицата која особено му се допаѓаше на нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип. Кралицата беше во Сандрингам и кога го одбележа платинестиот јубилеј-70 години на британскиот престол.

Како една од најдолговечните монарси, кралицата Елизабета Втора преживеа многу непријатни моменти, афери и секс-скандали. Семејството често ѝ задаваше главоболки, но издржа буквално сѐ. Дури и прељуба на нејзиниот сопруг, принцот Филип.

Внукот Хари беше само капак на се’ кога ѝ ја соопшти одлуката дека се откажува од својата титула. Неколку дена подоцна доживеа уште една непријатност кога нејзиниот најстар внук Питер Филипс соопшти дека се разведува од својата сопруга, Канаѓанката Отaм Кели.

Елизабета Втора успеа да се избори со низата скандали кои се редеа низ годините, а Меган и Хари беа само последниот сериозен атак врз кралското семејство.

Циркусот со Хари почна уште пред осум години. Пред да се реализира како сопруг и татко, Хари беше лошото момче кое игра билијард на соблекување во Лас Вегас. Претходно беше фотографиран и во нацистичка униформа за која јавно се извини, правдајќи се дека тоа било костум и дека погрешил во изборот. Како 17-годишен тинејџер, Хари помина еден ден во центарот за одвикнување од зависности во Лондон, откако призна дека консумирал марихуана. Портпаролот на кралското семејство тогаш ѝ соопшти на јавноста дека Елизабета го пратила внукот на клиника за да се информира за последиците од консумирањето канабис. 

Свои „жолти минути“ имаа и принцот Вилијам со сопругата Кејт Мидлтон, особено кога францускиот магазин Closer објави топлес-фотографии со војвотката од Кембриџ. Кралската двојка 2017 година го тужеше магазинот кој мораше да исплати оштета од 118 илјади долари.

Голема афера имаше и принцот Ендрју во 2015 година кога Вирџинија Робертс тврдеше дека била присилувана на секс од негова страна кога имала само 17 години. Набргу тој се повлече од кралските должности. Но, тоа не е единствената драма поврзана со неговото име. Еден бизнисмен им откри на медиумите дека наводно ѝ платил 500 илјади фунти на Сара Фергусон за да му обезбеди состанок со нејзиниот тогашен сопруг Ендрју.

Фото: ПА Медија/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Потресна сцена: Се огласи Љубица за починатата мајка

Легендарната југословенска пејачка Мерима Његомир почина лани на 21 ноември на 69 години. Нејзиното семејство се’ уште не може да се опорави од загубата. Како што вели нејзината ќерка Љубица Његомир Живиќ, како поминува времето болката е уште поголема. Љубица повторно се огласи на социјалните мрежи, овојпат потсетувајќи се на […]