fbpx

Сè се случи набрзина: Гарванлиев се сврши

Се сврши нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев.

Македонскиот пејач радосната вест ја потврди за порталот „Репортер“.

„Точно е дека се свршив. Сè се случи набрзина. Се запознавме кога дојдов во Америка и работите некако ни тргнаа од прва. Заљубен сум и малку шокиран, стварно не очекував дека ќе ми се случи љубов. Ама како што велам, внимавај што посакуваш“, вели Гарванлиев за „Репортер“.

Тој вели дека е рано да покажува слики од вереникот, а не сака да го открие ниту неговото име.

Васил лани се натпреваруваше на „Евросонг“ и се пласира на претпоследното место во полуфиналето со скромни 23 поени (11 од телевоутинг и 12 од жири). Послаб резултат таа вечер имаше само Ирска со 20 поени.

Кога МРТ го одбра за македонски евровизиски претставник јавноста негодуваше. Дел од македонските граѓани дури иницираа и онлајн петиција за негово повлекување од „Евросонг“.

За бугарскиот пасош и за неговата тешка животна приказна читајте ОВДЕ!

Следни Објави

Имам 21 година, а веќе сум реализиран како татко: Синот на Анѓушев си ја отвори душата

Огнен Анѓушев, синот на познатиот македонски бизнисмен и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев, најави лансирање на сопствен моден бренд. Анѓушев кој има завршено моден дизајн на престижниот факултет Иституто Марангони најави женска гардероба изработена од фини материјали наменета за свечени пригоди. Во искрено интервју за тинејџерскиот портал „Хаштаг“ тој зборува како […]