fbpx

Утре ќе те погребаме, прости за нашата себичност: Семејството скршено од болка

По кратко боледување, на 38 години почина славниот моден креатор Квитерија Кекана. Тажната вест ја потврдија членови на неговото семејство.

„Утре ќе те погребаме, прости за нашата себичност“, напиша на „Твитер“ близок роднина на починатиот.

На Кекана кој важеше и за модна икона минатата година му беше дијагностициран редок рак на коските. Многумина веруваа дека ќе се опорави, особено по втората фаза хемотерапии, но, на изненадување на фановите, состојбата му се влоши и засекогаш не’ напушти.

Како дизајнер соработуваше со бројни познати личности, меѓу кои и музичката ѕвезда Бијонсе.

И покрај богатството кое го стекна низ годините, трошоците за лекување биле превисоки, па овој татко на едно дете неодамна призна дека бил принуден да продаде дел од своите скапоцени колекции за да може да ги плати здравствените третмани.

„Беше тешко, но верувам дека ќе се опоравам и дека ќе продолжам да креирам. Знам дека ќе го победам ова зло“, изјави дизајнерот на почетокот од годинава.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

И тоа што добивате, многу ви е: Миа Костова распали за наставниците

Не смееле да штрајкуваат, пази ти, зошто нема кој да им ги чува децата. А тоа што еден наставник да е самохрана мајка не може да однесе дете ни во Дојран со тие примања, тоа нема везе, важно некој да ти го почува детето. Јас тргнувајќи од нашата наставничка, навистина […]