fbpx

Мостар без струја, оштетени згради: Никогаш немало ваков потрес кај нас

Беше страшно. Јако здрма и долго траеше. Никогаш немало посилен потрес кај нас, коментираат постарите жители на Мостар

Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтер вечерва во 23 часот ги погоди Босна и Херцеговина и Далмација. Според првите податоци епицентарот бил на 42 километри југоисточно од Мостар.

„Беше страшно. Јако здрма и долго траеше. Никогаш немало посилен потрес кај нас“, коментираат постарите жители на Мостар.

Читател на порталот Bljesak.info испрати и фотографија од оштетена зграда во Мостар.

Регионалните медиуми јавуваат дека земјотресот е почувствуван и долж јадранскиот брег и на црногорската ривиера. Посилен потрес имало и во Сараево, Белград, Загреб, Подгорица, a жители од повисоките катови на зградите го почувствувале и во Љубљана. Во Скопје и делови од Македонија земјотресот е почуствуван со јачина од 3 степени.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Прва жртва по земјотресот: Почина 28-годишна девојка

Д-р Сафет Мујиќ од Кантоналната болница ја потврди првата жртва по страшниот земјотрес кој вечерва ја погоди Босна и Херцеговина, а беше силно почувствуван во целиот регион. Станува збор за 28-годишната Е.С. од Столац која била хоспитализирана во тешка состојба. И покрај напорите на лекарите и долгата реанимација, девојчето не […]