fbpx

Тања Кочовска во мај ќе стане баба: Снаата како од списание (ФОТО)

По Велигден, во мај ќе станам баба, открива за „Женски магазин“ актерката Тања Кочовска.

Нејзиниот син Александар кој го доби од првиот брак со колегата Владимир Ендровски-Љац очекува принова.

Неговата избраничка Моника Саздовска остава без здив. Пријателите на Кочовска се шегуваат дека не можело да ѝ се погоди поубава снаа и дека изгледа како од списание.

Кочовска по вторпат се омажи за актерот Предраг Павловски со кого ја има ќерката Нела. Во едно интервју од пред неколку години таа откри дека синот завршил факултет за туризам, а дека ќерката тргнала по нејзините стапки.

„Тие се деца кои се израснати со двајца актери, а актерскиот живот не е баш едноставен. Тоа се деца кои никогаш не ми повишиле тон и се благодарни на се’ што сме им дале во животот. Не дека некогаш не знаат да изненадат, хаха. Се чувствувам многу горда мајка со добро воспитани деца“, раскажа Кочовска.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Шок по смртта на Иван: Позади себе остави шестгодишен син

Светската јавност е во шок откако денеска беше соопштено дека во војната во Украина загинал Иван Бединак, европски вицешампион во стрелаштво. Познатиот спортист кој во својата исклучително плодна кариера освои бројни медали, животот го загубил во борбите за регионот Херсон. Тој неодамна им се придружи на украинските сили за да […]