fbpx

Детали за убиството на Никола (26): Ваков крај никој не очекуваше

Граѓаните на Уб се шокирани по смртта на 26-годишниот Никола Л. кој почина откако Лазар М. (46) му нанел тешки телесни повреди од кои подоцна починал, информираат српските медиуми.

Осомничениот наводно го погодил несреќното момче со стаклен дозер за шеќер. Инцидентот се случил во кафулето „Лондон“ кој порано бил во сопственост на познатиот српски фудбалер Немања Матиќ.

Според првичните информации жртвата е колатерална штета. Никола бил погоден по грешка, откако осомничениот Лазар се впуштил во физичка пресметка со сопственикот на локалот Ѓ.В. Според очевидци на настанот, во даден момент се дофатил до стаклениот дозер за шеќер и ненамерно го погодил Никола во главата кој седел до газдата на кафулето.

„Никола во истиот момент се сруши. Го однесоа во болница и таму констатирале дека нема сериозни повреди и го пуштиле дома. Но, според зборовите на некои извори, тој веднаш заминал во друго кафуле. Кратко по пристигнувањето изгубил свест. Веднаш бил префрлен во Ургентниот центар во Ваљево, но му немало спас“, раскажува пријател на жртвата.

Осомничениот Лазар е приведен и се очекува да биде изведен пред истражен судија.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Црни вести за Велигден: Матеј исчезна на празник, а сега и таа почина

Маја Сопта, девојката која ѝ стана позната на јавноста по исчезнувањето на Матеј Периш, повторно е во фокусот. Во фејсбук-групата „Молитви за Матеј“, основана за поддршка на 27-годишното момче од Сплит на кое му се губи секаква трага ноќта помеѓу 30 и 31 декември во Белград, осамна нова објава која […]