fbpx

На 54 години почнав нов живот: Весна Илиевска го спакува куферот и замина далеку од дома

Вели дека нема поубаво нешто од тоа човек да ја работи работата што ја сака. Оваа Македонка се одлучи за радикална промена во нејзиниот живот откако на свои 54 години го спакува куферот и замина далеку од дома.

Весна Илиевска, инаку прототип мајстор, две години живее на Бали каде, како што вели, чуда се случуваат. Открива дека иницијатор за нејзиното заминување бил докажаниот македонски дизајнер Ненад Секирарски со кој успешно соработуваат речиси две децении.

„Искрено, за мене ќе останеше само дестинација на геогравска карта, ако тука не дојдеше мојот колега Ненад Секирарски, со кој успешно работевме 17 години. Тој замина пред пет години, а јас дојдов после три. Морав да останам во Македонија поради мојата мајка, која заслужи да се грижам за неа до заминување во царството небесно. На покана на мојот колега и најдобар пријател, ја затворив фирмата, нашето првенче „Секирарски“, го спакував куферот и на 54 години го свртев животот наопаку. И еве ме на Бали, без еден месец две години, каде што продолжуваме да создаваме со иста љубов и енергија, поразлично од се’ што досега сме работеле“, раскажа Илиевска лани за „Женски магазин“.

Следни Објави

Детали за убиството на Никола (26): Ваков крај никој не очекуваше

Граѓаните на Уб се шокирани по смртта на 26-годишниот Никола Л. кој почина откако Лазар М. (46) му нанел тешки телесни повреди од кои подоцна починал, информираат српските медиуми. Осомничениот наводно го погодил несреќното момче со стаклен дозер за шеќер. Инцидентот се случил во кафулето „Лондон“ кој порано бил во […]