fbpx

Црни вести за Велигден: Матеј исчезна на празник, а сега и таа почина

Маја Сопта, девојката која ѝ стана позната на јавноста по исчезнувањето на Матеј Периш, повторно е во фокусот.

Во фејсбук-групата „Молитви за Матеј“, основана за поддршка на 27-годишното момче од Сплит на кое му се губи секаква трага ноќта помеѓу 30 и 31 декември во Белград, осамна нова објава која вознемири многумина.

„Луѓе мои, почина баба ѝ на Маја Сопта. Можете овде да ѝ изразите сочуство, да не биде дека само фрлате со дрвја и камења по неа“, напиша членка на групата.

Маја преку ноќ стана омразена личност откако многумина ја обвинија дека нејзината исповед за исчезнувањето на Матеј е чиста лага.

Претходно, во исповед за ТВ Прва, изјави дека најголема болка ѝ е што истрагата потврдила дека таа е последната личност која Матеј се обидел да ја добие пред да исчезне.

„Жал ми е што не се јавив, тоа ми е најголема болка од се’.. Затоа што можеби ако ме информираше дека доаѓа во Белград, би му кажала каде да одат, што да прават“, низ солзи раскажа тогаш, покажувајќи го пред јавноста и пропуштениот повик во 22:29 часот на 30-ти декември.

ОСТАНАТИТЕ ВЕСТИ ЗА МАТЕЈ ПЕРИШ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ!

Судејќи по објавите на нејзините профили на социјалните медиуми кои во меѓувреме ги избриша, Маја и нејзиниот брат, инаку близок пријател на Матеј, воделе луксузен живот.

Хрватскиот портал „Империјал“ наведе дека тие се внуци на шефот на сплитската УДБА кој наводно го поврзувале со убиство на емигранти.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Македонската естрада завиена во црно: Изгубивме голем човек

Тажен ден за македонската музика На 67-годишна возраст денеска ненадејно почина Мирчо Чуков, вокалистот и клавијатурист на легендарната македонска група „Интервали“. Со трогателна посвета од него се прости огранокот на СДСМ од Ново село. „Изгубивме голем сопартиец, борец, а пред сѐ голем човек! Почивај во мир, пријателе! Сочувство до фамилијата!“, […]