fbpx

Македонската естрада завиена во црно: Изгубивме голем човек

Тажен ден за македонската музика

На 67-годишна возраст денеска ненадејно почина Мирчо Чуков, вокалистот и клавијатурист на легендарната македонска група „Интервали“.

Со трогателна посвета од него се прости огранокот на СДСМ од Ново село.

„Изгубивме голем сопартиец, борец, а пред сѐ голем човек! Почивај во мир, пријателе! Сочувство до фамилијата!“, стои во нивната објава на „Фејсбук“.

Струмичката група „Интервали“ која се прослави со баладата „Ех, да сакаш“ е формирана пред повеќе од три децении. Покрај Мирчо, заштитно лице на составот е и неговата сопруга Снежана.

Фото: Струмица денес

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Почивај во мир: Пејачот Ѓоко Ѓорчев скршен од болка

Неверување и шок по ненадејната смрт на Мирчо Чуков, пејачот и клавијатурист на легендарната македонска група „Интервали“. Естрадата со емотивни објави се простува од својот колега. Се огласи и популарниот интерпретатор Ѓоко Ѓорчев, македонскиот Том Џонс како што го нарекуваат пријателите. „Почивај во мир, драг мој Мирче. Македонија изгуби денес […]