Неверување и шок по ненадејната смрт на Мирчо Чуков, пејачот и клавијатурист на легендарната македонска група „Интервали“.
Естрадата со емотивни објави се простува од својот колега.
Се огласи и популарниот интерпретатор Ѓоко Ѓорчев, македонскиот Том Џонс како што го нарекуваат пријателите.
„Почивај во мир, драг мој Мирче. Македонија изгуби денес еден од најдобрите вокали, прекрасен човек и другар. Почивај во мир и нека ти биде патот светол до вечноста. Сега да им пееш на ангелите“, напиша тој на „Фејсбук“.
Со трогателна посвета од Чуков се прости огранокот на СДСМ од Ново село.
„Изгубивме голем сопартиец, борец, а пред сѐ голем човек! Почивај во мир, пријателе! Сочувство до фамилијата!“, стои во нивната објава.
Македонската естрада завиена во црно: Изгубивме голем човек
Струмичката група „Интервали“ која се прослави со баладата „Ех, да сакаш“ е формирана пред повеќе од три децении. Покрај Мирчо, заштитно лице на составот е и неговата сопруга Снежана.
Фото: Струмица денес
* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.