fbpx

Глупост е дека децата губат што не одат во школо: Нов статус за штрајкот ги крена на нозе родителите

Ќе загубеле децата многу што не одат на училиште… глупост!

Бандити, измамници, лажговци и полуписмени идиоти се милионери кои училиштето го поминувале заради богатиот и влијателен татко, ама нашиве деца оти не одат две недели на училиште ќе останеле неписмени.

Напротив, учат многу сега.

Учат дека достоинството е многу важно.

Учат дека не смеат да бидат полтрони и малодушни.

И учат за емпатија.

Учат дека треба да имаат разбирање и сочувство кон проблемите на другите.

Во овој случај кон своите учители.

Фејсбук-статус на Рубенс Муратовски, актер

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Колеги, кренете глава: Наставничката Весна не прифаќа компромис

Овој штрајк е последна надеж за сите нас и гласно кажуваме: Нема компромис. Не отстапуваме ниту за процент, не признаваме договарања. НЕ. Чашата се прелеа. Враќање назад нема. Ќе бидеме истрајни до крај. Ќе пратиме порака дека постои граница. Доволно долго се газеше по нашата професија, доволно долго се омаловажува […]