fbpx

Свет вторник: Денешниот ден носи голема среќа ако го направите ОВА!

Во некои краеви, денешниот ден е познат и како Свет вторник, а зад него се кријат многу обичаи и верувања.

За време на Водената седмица, односно првата недела по Велигден, се и Водениот вторник и Водената сабота. Според народните верувања, вторниците важат како баксузни денови, но не и овој. Овој вторник е најдобриот во целата календарска година. Според приказните, ова е денот кога сите се радосни и весели. Исто така се верува дека детето кое е родено на овој ден, ќе биде среќно и долговечно.

Поради ова многу свадби се одржуваат на овој ден, бидејќи се верува дека среќата и благодатот од денот ќе се пренесат и кај младоженците и нивното ново семејство.

Според некои верувања, овој ден најдобро е да не правите ништо со машката облека, како шиење и перење, особено ако мажот е иден војник.

Старите веруваат дека денес е добро да отидете на посета или на пат. Доколку планирате денес да тргнете некаде, според обичајот треба да замислите и желба. Наводно желбата ќе се исполни, а за време на патувањето ќе ве следи среќа.

На некои места се прославуваат три Водени вторници – денешниот, вторникот после Ѓурѓовден и вторникот после Света Тројца. Како што кажува и самото име, овие вторници се празнуваат за да падне дожд кој е неопходен за посевите.

Поради ова, единственото нешто што треба да го направат верниците во овие три денови е да се веселат и да се радуваат, а среќата да ја поделат со саканите. Според народното верување, доколку ги игнорирате традициите денес, нема да ви оди добро во животот.

Следни Објави

Горан печел прасе за Велигден, па соседот извикал: Погледнале во дрвото, се случило ЧУДО

Горан Стевановиќ од местото Загорица кај Топола раскажа како во 2017 година се случило чудо за време на велигденските празници. Додека со семејството печел прасе, како што тврди, на едно од дрвата се прикажал огнен крст. „Велигден за мене традиционално е највеселиот празник кој го славам со семејството, а од […]