fbpx

Полицијата трага по Маријана: Исчезна скандалозната победничка на „Големиот брат“

Загрепската полиција потврди дека е во потрага по Маријана Зајферт, победничката во регионалното реално шоу „Големиот брат“ од 2011 година.

Таа денеска се одалечила од адресата на која живее и ѝ се губи секаква трага. Во моментот на исчезнувањето била облечена во кратка жолта маица, црна спортска јакна, црни хеланки со бело-црвени шари и светли патики.

Се огласи и нејзиниот сопруг Карло кој тврди дека не знае ништо за исчезнувањето.

„Јас пријавив во полиција. Не можам да зборувам за околностите, не ги знам ниту јас“, краток е тој за хрватскиот портал „24 сата“.

По него, се огласи и сестрата на Маријана, Маја Ковачевиќ, која на јавноста ѝ е позната по едно друго реално шоу.

„Пред неколку дена се вратив од Белград. Со Маријана не сме се слушнале. Боже господе. Нозете ми се пресекоа. Не знам ништо за нејзиното исчезнување“, вели таа за истиот медиум.

Маријана пред една деценија беше најозборуваната личност на овие простори откако во популарното шоу „Големиот брат“ јавно пред камерите го изневери тогашниот сопруг со српскиот пејач Никола Немешевиќ Немеш со кого подоцна кратко беше и во брак.

И тој даде изјава за медиумите и е шокиран од веста дека Маријана исчезнала.

„Не знам што да ви кажам, се надевам дека добро ќе се заврши се’. Веќе долго време не сме во контакт, така да не знам ништо за неа“, завршува тој.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Срам за оваа земја: Остра реакција на синот на покојната Сабина Ајрула

Драги пријатели и почитувачи на делото на Сабина Тозија, Ве известувам дека нема да присуствувам на утрешната комеморација организирана од Драмски театар за заминувањето на мојата мајка, Сабина Тозија. Сметам дека групниот и паушален начин на кој се испраќаат Сабина и неколкуте големци на овој театар, е недостоинствен за овие […]