fbpx

Тони ја загуби најважната битка: Македонија тагува, нека почива во мир!

Сочуство до Розе и синовите. Нека му е вечна слава! Почивај во мир Тони!

На 54-годишна возраст вчера ненадејно почина Тони Петрески, поранешен кандидат за градоначалник на општина Прилеп од СДСМ.

„Нашиот драг пријател, другар и соборец отпатува во вечноста. Тони беше посветен сопруг и татко, праведен и посветен социјалдемократ, синоним за Општинската организација на СДСМ Прилеп. Од првиот ден на основањето на Општинската организација, секогаш во првите борбени редови на партијата, искрен патриот, борец за правичност и правда. Заедно водевме многу битки. Победувавме и се радувавме, губевме и тагувавме. За огромен жал на сите нас, неговите партиски другари, но најмногу на неговото семејство, Тони ја загуби последната, најважната битка“, стои во објавата на „Фејсбук“ на општинската организација на СДСМ Прилеп.

Почивај покрај твојот ангел: Познатите се збогуваат со Оле, тажен ден во Македонија

Петрески работеше во Министерството за одбрана како раководител на Сектор за цивилно-воена соработка со регионални центри за одбрана.

Тој беше кандидат за градоначалник на СДСМ за општина Прилеп во 2009 година.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Почивај покрај твојот ангел: Познатите се збогуваат со Оле, тажен ден во Македонија

Ќе те памтиме како прекрасна личност и голем човек. Беше мајка-борец, секогаш со ведар дух. Вака на социјалните мрежи се простуваат со Оливера Крстева Доневска. Тажната вест ја потврдија и од непрофитната организација Манускрипт-Здружение на писатели. „Патувај мирно. Немаш повеќе битки за војување. Извојува колку за педесет животи. Без тебе […]