fbpx

Згасна најубавиот глас: Македонската естрада тагува, ненадејно почина познатиот пејач

Црн ден за домашната естрада, колегите се простуваат

Ненадејно почина пејачот Благој Талевски. Популарниот Басар, како што го познаваше публиката, беше вокалист на битолската група „Лира“, најпозната по хитот од деведесеттите години „Никогаш повеќе“.

Колегите и пријателите на Талевски со неверување ја примија тажната вест. Со трогателни пораки се простуваат од него на социјалните мрежи.

„Згасна најубавиот глас, вечната насмевка и твојата предобра душа. Имаше уште многу да живееш и да се радуваш. Ќе останат многу песни и спомени. Почивај во мир, легендо! Царство небесно!“, стои во една од посветите.

УШТЕ ЕДНА ТАЖНА ВЕСТ: Почивај покрај твојот ангел: Познатите се збогуваат со Оле, тажен ден во Македонија

Оние што го познаваа го опишуваат како добар и чесен човек. Особено беше омилен кај нашата дијаспора во Австралија каде често настапуваше.

Ј.П.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Тага! Почина познатата актерка на 48 години, ја загуби битката со ракот

Џосара Џинаро, ѕвездата од хит-серијата „Ургентен центар“ пред два месеца почина на 48-годишна возраст. Познатата актерка, режисерка и продуцентка ја загуби битката со ракот, а сега се огласи и нејзиниот сопруг Мет Богад. „Храбро се бореше со ракот. Беше неверојатна жена, мајка, уметница и пријателка. Имаше најубава душа и не […]