fbpx

Борба со рак, битка за животот на синот: Данела Арсовска проговори за семејната драма

Научив да се борам и научив дека се’ е можно ако никогаш не се откажете, изјави минатата година скопската градоначалничка Данела Арсовска во екот на изборната кампања кога му се спротистави на Петре Шилегов како независен кандидат поддржан од најголемата опозициска партија.

Тогашната претседателката на Сојуз на стопански комори на Македонија за „Женски магазин“ си ја отвори душата и проговори за нејзиниот најголем предизвик – борбата со ракот и здравјето на нејзиниот син.

„Да, тоа беа многу тешки години за мене и моето семејство. Борбата со тешка болест, а едновремено борбата која ја имавме за животот на нашиот син. Ништо не ме формираше повеќе како личност како тој период. Велат дека секоја битка нè прави посилни. Пораснав не само како мајка, туку и како личност. Во тие моменти еден збор не е дозволен – откажување. Мора да размислувате прецизно и да се надминат емоциите за да се донесат одлуки кои значат живот. По се’ што помина, емоциите се дозволени и тие се присутни постојано. Борба за својот живот и за животот на своето дете во еден момент се премногу голем товар, но сега велам ако не изгубив во таа борба, нема никогаш да изгубам“, раскажа таа за „Женски магазин“.

Следни Објави

Секогаш победници: Еве зошто бебињата родени во мај се посебни!

Силна волја и длабока емотивност, мајските деца имаат шесто сетило коешто им помага сигурно да чекорат во животот Личностите родени во мај се помеѓу најсреќните и најздравите луѓе во светот. Науката вели дека луѓето родени во петтиот месец од годината имаат најнизок ризик од респираторни, кардиоваскуларни и невролошки болести. Еве […]