fbpx

Нова трагедија: Македонската естрада се простува од Зорица

На 52-годишна возраст почина Зорица Велковска, една од ретките жени хармоникаши во земјава, информира „Фокус“.

Колегите од естрадата со неверување ја примија тажната вест, а меѓу првите се огласи пејачката Ани Малинкова која со Велковска другарувала уште од детските денови и која ја откри причината за смртта.

„И се слошило дома, во купатило.. Доживеала мозочен удар. Предоцна било за било што, не можела да се спаси. Не можам да сфатам, беше толку полна со живот, постојано ѝ беше хармониката во рака, од дете свиреше. Имавме заеднички репертоар, таа свиреше, јас пеев.
Секогаш мила, расположена.. Зад себе го остави сопругот и двата сина на возраст од 22 и 18 години. Голем удар е ова за цела естрада“, раскажува Малинкова за „Фокус“.

Фото: Фокус

Следни Објави

Борба со рак, битка за животот на синот: Данела Арсовска проговори за семејната драма

Научив да се борам и научив дека се’ е можно ако никогаш не се откажете, изјави минатата година скопската градоначалничка Данела Арсовска во екот на изборната кампања кога му се спротистави на Петре Шилегов како независен кандидат поддржан од најголемата опозициска партија. Тогашната претседателката на Сојуз на стопански комори на […]