fbpx

Го користела инхалаторот на синчето да се дрогира, детето се задушило

Лаура Хит, зависничка од дрога од Велика Британија, е осудена на 20 години затвор за убиство на нејзиниот син астматичар. Пред пет години Хаким Хусеин (7) починал во семејниот двор „борејќи се за здив“, јавува „Скај њуз“.

Оваа 40-годишна жена од Бирмингем е осудена за убиство од небрежност. Во пресудата стои дека смртта на Хаким е резултат на „катастрофалното и тажно“ родителство на неговата мајка.

Фотографиите кои биле прикажани во судот ја откриле болната вистина. Лаура која трошела 55 фунти дневно на дрога, со фолија и еластична лента модифицирала еден од инхалаторите на синот за да може да го користи за пушење крек.

Хит се изјаснила за виновна за четири точки од обвинението, вклучително и необезбедување соодветен медицински надзор и изложување на Хаким на чад од хероин, крек и цигари, кои се предизвикувачи за нападите на астма.

Случајот е проследен со низа контроверзи, откако социјалните служби на Бирмингем пропуштиле очигледна можност да ја спречат смртта на момчето.

Хаким живеел во исклучително лоши услови. Немал кревет и спиел на софата. Дури постојат докази дека Лаура ја користела спалната соба на катот за сексуална работа за да ја финансира својата навика. До креветот била пронајдена корпа со кондоми.

Следни Објави

Срцето ќе ви го скрши! Милена заминала во Германија со голема причина, загинала враќајќи се кај ќерка си

Блиски пријатели на починатата раскажуваат детали од нејзиниот живот Цел регион ја оплакува Милена М., 32-годишната самохрана мајка која загина во сообраќајна несреќа во Унгарија. Таа се враќала од Германија каде била на привремена работа кога автомобилот со кој патувала се излизгал под паркиран камион. Починала на лице место, информираат […]